Охриѓанецот Александар Јосифовски втора година по ред е дел од шоуто „Sвездите на Гранд“, а овојпат се избори и за пласман во финалето на шоуто.
Јосифовски во полуфиналната вечер прво ја изведе „Ако можеш заборави“ од Бело Дугме, а потоа „Угаси ме“ од „Парни валјак“.
Ментор на Јосифовски е Ѓорѓе Давид, а двајцата се расплакаа на сцената.
-Минатата година го прашувам Саша Поповиќ зошто не помина, а тој вели: Некако нема енергија, нема сила. Овој човек кој седеше пред вас беше ноторен алкохоличар цела сезона и имаше страшни прболеми, не можеше да се отрезни, не знаеше кога е ден, кога е ноќ. Оваа сезона кога го вратив имав само еден услов, да заборави на алкохолот ако сака да влезе во приказната. Видов кој се натпреварува овде, колкава сила и младост имаат во себе. Тој на тоа се согласи – кажа Ѓорѓе Давид.
Покрај Јосифовски, од земјава пласман во финалето обезбеди и скопјанката Андријана Петрушовска.