Билетот за едно возење во автобусите од јавниот превоз во Скопје ќе чини 50 денари. Хартиениот билет ќе се продава во автобусите на ЈСП „Скопје“ и кај приватните превозници. Ќе биде пуштен во употреба од 1 ноември, а одлуката за цената беше изгласана на денешната седница на Советот на Град Скопје.
Во моментов, картичката Скопска може да се надополнува само во билетарниците на ЈСП ‘Скопје’ и трафики. Граѓаните кои ретко го користат јавниот превоз или се од другите градови, а во Скопје доаѓаат по потреба, мора да набават неперсонализирана картичка или да платат со мобилен телефон. Во најнеповолна ситуација се туристите кои не можат да ги користат сегашните опции на јавен провоз, односно не можат да купат карта во автобусите“, се вели во образложението на градоначалникот Петре Шилегов.