Денеска околу 10.40 часот извршено е разбојништво во НЛБ банка, во ТЦ Сарај Мол. Според полициски информации, кражбата е извршена од четири лица облечени во црна гардероба, со фантомки на глава. Тие се заканиле со автоматски пушки и од вработените одзеле околу 5.500.000 денари или околу 90. 000 евра.
Разбојниците потоа со џип хјуанди санта фе избегале од местото на настанот, кон селото Сарај, од каде им се губи секаков траг.
Сличен грабеж се случи на 15 април годинава кога беше ограбена филијала на НЛБ Банка во скопската населба Чаир. Во грабежот од НЛБ во Чаир украдени се 150.000 евра
Убедливо најголем грабеж на НЛБ Банка е оној кој го изврши во април 2017 година вработен во НЛБ Банка, со иницијали Б.С. кој од трезорот во централата на банката украде 2 милиони швајцарски франци и 270.000 евра.