913
Владата на вчерашната седница донесе одлука да се утврди летното сметање кое оваа година започнува на 28 март во 02:00 часот.
Часовникот треба да се помести еден час напред.
Инаку во 2019 година, Европскиот Парламент со големо мнозинство се изјасни за престанок на поместгувањето на часот во 2021 година. Но топката остана кај владите на државите членки на ЕУ, кои треба да одлучат дали трајно ќе го задржат летното или зимското сметање на времето.
И во Македонија имаше дебати и сугестии но уште ништо не е блиску до промена.