434
Од недела на полноќ настапува забрана за емитување платено политичко рекламирање на програмите на радиодифузерите, во печатените медиуми и во електронските медиуми (интернет портали), соопшти денеска Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Оваа забрана произлегува од Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик и важи се до денот на почетокот на изборната кампања за предвремените парламентарни избори што ќе се одржат во 2016 година. Забраната е пропишана во член 82 став 1 од Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик.