53
Утре ќе се задржи сончево и релативно топло време. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, а кон крајот на денот, во текот на ноќта и во понеделник ќе има повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи и силен
ветер (над 70 km/h), информираат од УХМР.
Поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег и температурата ќе биде во опаѓање. Во следните денови под влијание на серија на влажни бранови ќе преовладува променливо облачно време, наместа со повремени врнежи од дожд.
Нестабилно време со пообилни врнежи, проследени со грмежи се очекува во среда попладне и во четврток.