555
Со новиот термин за полициски час, од ЈПС информираа дека нема да има автобуси од утре па се до вторник до 5 часот.
„Ве информираме дека од утре, недела (24.05.2020 год) од 11 часот до вторник (26.05.2020 год) до 5 часот, јавниот превоз нема да функционира.
Времениот целосен прекин на сообраќањето на автобусите на ЈСП Скопје и приватните превозници е согласно Одлуката на Влада на РСМ за забрана на движење на населението во посочениот период“, велат од ЈСП.