697
По објавата на повеќе медиуми дека жена од Члопек, Старо Нагоричане се води за исчезната, од МВР за МИА велат дека постапуваат по пријава за жртва во пожарите во општина Старо Нагоричане.
Пожарникарите денеска два пати интервенирале во Челопек. Како што пренесува МИА, првиот пожар бил регистриран од 11 до 12.30 часот, а гореле бараки. Вториот пожар пак бил регистриран во 15.20 и траел сѐ до 19 часот во Челопек, каде што изгореле и куќа, објект, добиток и стрништа.