Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.853 тестирања, а регистрирани се 428 нови случаи на Ковид-19. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 128 оздравени пациенти, a починати се 10 лица.
Двајца од починатите пациенти се од Скопје (60 и 66г), еден од Куманово (64г), двајца пациенти од Прилеп (57 и 87г) двајца од Тетово (75 и 53г), еден од Струга (55г), еден од Струмица (83г) и еден пациент од Крива Паланка (80г). Од нив 1 пациент е починат вонболнички услови, останатите 9 се починати во болница.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 23.628, бројката на оздравени пациенти е 17.239, на починати е 834, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5.555. Од вчера се евидентира еден конторлен тест, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
Направените 1.853 теста се преку: ИЈЗ-644, ЦЈЗ Скопје-101, Авицена-456, Биотек-202, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори) -85, Систина со PCR метода -142, лабораторија Лаор –101, Судска медицина-2, ЦЈЗ Битола-74, Инфективна клиника-2, ГАК-7, Синлаб-37, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 221.011 тестирања на Ковид -19.