Од Ковид-19 почина 28-годишна медицинска сестра

by Fokus

Дваесет и осумгодишна медицинска сестра од Кичевската болница почина вчера по компликации од ковид-19 на Инфективната клиника во Скопје, потврди за СДК.мк директорката на Клиниката, д-р Милена Стевановиќ.

Директорката вели дека пациентката не била вакцинирана против ковид-19, а немала и други хронични болести.

Според извори за СДК.мк од Болницата во Кичево, пациентката од село Зајас, Кичевско, била лекувана кај нив, па била препратена за Скопје.

Министерството за здравство вчера соопшти дека од 25 починати лица од ковид-19 од 6-12 август, ниеден не бил вакциниран. Од почетокот на коронакризата, според податоците до вчера, во земјава починаа 5.532 лица.

 

Поврзани новости