488
Кабинетот на Претседателот на Република Македонија информира дека е настаната техничка грешка при упатувањето покана до градоначалникот на општина Струмица за присуство на прославата на државниот празник „Илинден“ во Скопје и воедно се извинува за настанатиот превид на протоколарните служби во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија.
Информираме дека до г. Зоран Заев, претседател на Владата на Република Македонија, е испратена покана за негово присуство.