По средбата на претседателот Ѓорѓе Иванов со Јоханес Хајндл, личниот претставник на министерот за надворешни работи на Германија, од претседателскиот Кабинет информираа дека било разговарано за актуелните случувања на политички план во Република Македонија и биле разменети информации и мислења за можностите и начините за надминување на предизвиците. Во соопштението воопшто не се споменува аболицијата и нејзинито укинување, кое го предлагаат сите странски претставници.
-Двајцата соговорници се согласија дека Република Македонија е неопходно да има функционални државни институции кои ќе можат професионално, навремено и ефикасно да одговорат во справувањето и превенцијата со заканите. Во таа насока, соговорниците истакнаа дека сите политички чинители треба да покажат одговорност, конструктивност и висока свест за интересите на граѓаните и на државата, се вели во соопштението.
Според претседателскио Кабинет, Иванов на средбата истакна дека како и досега, така и во иднина ќе постапува единствено според Уставот и Законите на Република Македонија и исклучиво во интерес на државата и на граѓаните на Република Македонија.