Од Јапонија стигна лекот „фавипиравир“

by Fokus

Преку јапонската амбасада, во Македонија стигна лекот „фавипиравир“, антивирусна терапија, која може да помогне во лекувањето на Ковид-19.

– Денес преку итна неповратна помош, преку Амбасада на Јапонија го добивме лекот Favipiravir, за земјите погодени од вирусот. Добивме за 100 пациенти, а станува збор за антивирусна терапија која се користи за инфлуенцата и уште не е одобрен за ковид-19, во тек се многу клинички испитувања, но од искуства веќе има добри резултати во повеќе земји и за пациенти со Ковид-19 – рече Филипче.

Додаде дека за да се даде овој лек на некој пацинет потребни се многу анализи на крвта.

Поврзани новости