Од измените на Кривичниот законик најмногу корист имаат одредени структури од поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и поранешни и сегашни функционери и министри од актуелната владејачка гарнитура на СДСМ и ДУИ,вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
-Но она што не го земаа во предвид и за што не размислувале кога го менуваа Кривичниот законик е дека има и други членови по коишто можат да се гонат, не се само три члена во Кривичниот закон. На пример кај било кој од овие може да се влези дома и да се види во каков имот живее и да се побара црно на бело да докаже со кој пари и како го изградил и доколку не може да докаже, а веројатноста е голема во законот се знае, 70% се оданочува практично конфискација и се оди во затвор. Еве еден пример како да се одговара и ќе одговараат. Ние имаме цел план како да ги бајпасираме овие измени на Кривичниот законик и како да одговараат тие што треба да одговараат, рече Николоски во интервју за ТВ Шења.
Во однос на изјавите на претседателот Стево Пендаровски дека од луѓе од ВМРО-ДПМНЕ од него е барано амнестија за поранешниот премиер Никола Груевски, Николоски го нарече Пендаровски „алапача“.
-Сите претходно со сите свои предности и маани, со пиетет се однесувале кон позицијата која што ја добиле, за овој човек освен „алапача“ нема друг израз затоа што добар дел од работното време , не го троши да создаде нешто за државата, да ја промовира и дома и надвор. Што прави? Порано само со директорот на Агенцијата за разузнавање која што е под него, а сега веројатно му здосади само со него да разговара, па вика по два тројца агенти од агенцијата различни и озборуваат, или оговараат како сакате кажете, јавни личности кој со кого седел, кој со кого пиел кафе, за работи што се нерелевантни за политичкиот живот, истакна Николоски.
Toj додаде дека сценариото за обезбедување пратеници за уставни измени веќе е „адакта“, зошто ниеден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа и тоа се покажало на 18 август.
Откако пропаднала оваа идеја, Николоски вели дека после тоа се разговарале други идеи и сценарија кој што се насочени во насока на намалување на разултатот на ВМРО-ДПМНЕ на следните парламентарни избори.
-Што е многу интерсно, многу прецизно ги бирам зборовите, значи не вели пораз на ВМРО-ДПМНЕ на следните парламентарни избори, туку намалување на резултатот што значи дека дури и оние кои што по природа треба да се оптимисти, мислам тука пред се на владејачката коалиција ДУИ и СДСМ, дури и тие знаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на следните парламетарни избори. И сега прашањето е колкава ќе биде разликата, колку пратеници ќе има ВМРО-ДПМНЕ, вели Николоски.
Тука е целта, посочува Николоски, да ВМРО-ДПМНЕ има помалку пратеници се со цел да може да биде уценувано за формирање на идна влада или со притисок да се изгласаат овие уставни измени под бугарски диктат или да се прават некакви широки коалиции, или некакви амнестии на криминалци кој што се во моментов во власта.