457
Откако ВМРО-ДПМНЕ денеска истакна дека синот на пратеничката Мира Стојчевска е вработен во ЕЛЕМ, оттаму се произнесоа со своја реакција.
Како што истакнаа, тој ги исполнувал сите критериуми за работното место во ЕЛЕМ.
„АД Државни електрани на Македонија ја известува јавноста дека лицето Виктор Стојчевски е примен во редовен работен однос во компанијата по претходно објавен оглас за вработување. За работното место за кое конкурирал, наведениот ги исполнувал сите критериуми наведени во огласот. Комисијата одлучила почитувајќи ги сите законски одредби“, додаваат оттаму.