487
ДУИ не е запознаена со содржината на иницијативата на СДСМ за свикување на Собранието и досега не е побарана поддршка или консултација за ова прашање, велат од партијата потенцирајќи дека сите одлуки би требало да се носат со консензус и широка поддршка.
„Ние не сме запознаени со содржината на иницијативата на СДСМ и досега не е побарана поддршка или консултација за ова прашање. Во однос на сите прашања поврзани со тековната состојба која ги засега сите граѓани подеднакво, би било добро да се решаваат со општ консензус и широка поддршка. Консензуално го распуштивме Собранието, исто така консензуално и ги одложивме изборите. Секако ќе ја разгледаме иницијативата штом ќе се достави во Собранието“, -порачуваат од ДУИ.