787
Денеска времето во нашата држава ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе започне да дува слаб до умерен ветер од јужен правец, истиот особено Долж Повардарието ќе засилува. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 24 степени.
Потоа за време на викендот времето ќе биде значително потопло и тоа под влијание на значително потопла воздушна маса од југ, ќе имаме сончево време, повремено со умерена облачност и тоа особено во недела кога ќе има услови за слаб локален и краткотраен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени во сабота, и од 25 до 32 во недела.
Потоа на почетокот од следната недела повторно ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во вторник. Температурите на воздухот повторно ќе бележат тенденција на опаѓање.
НАПОМЕНА: За време на викендот, како и на самиот почеток од следната недела поради силното југозападно воздушно струење, од Сахара кон нашата држава ќе се изврши транспорт на прашина и на песок, па така и атмосферата ќе биде позаматена, а времето помачно и поспарно.
Подготви: Славчо Попоски