Од денеска забрана за невакцинирани деца во градинките

by fokus

Здравствените инспектори од денеска се во контрола на детските градинки. Невакцинирани или нецелосно вакцинирани деца со ДиТеПер нема да се примаат во предучилишните установи.

Комисијата за заштита од заразни болести препорача забрана на прием на невакцинирани деца уште пред еден месец, но Министерството за труд и социјала и здравствените власти со недели си ја префрлаа одговорноста за тоа кој треба да ги спроведе препораките.

Министерот за здравство минатата среда пресече и со одлука го задолжи здравствениот инспекторат да издава решенија на градинките да не се примаат невакцинираните деца, но дури денеска препораките почнаа да се спроведуваат на терен.

Поврзани новости