Од денеска во Никоб Лаб бесплатен брз антигенски Ковид тест за деца и млади до 18 години

by fokus

Никоб Лаб следејќи ја епидемиолошката состојба во државата, и имајќи во предвид дека вториот дел од школската година штотуку започна, анализирајќи ги препораките на Комисијата за заразни болести дека вирусот се шири помеѓу учениците, ние како општествено одговорна компанија која сака да им излезе во пресрет на младите, семејствата но и на здравствениот систем во целина, донесовме одлука за бесплатно тестирање со брз антигенски тест на сите деца и млади од 0 до 18 години кои имаат симптоми и за тоа имаат потврда од матичен доктор, потврден позитивен контакт и потврда од наставник/класен раководител за изолација. Тестирањето ќе биде овозможено на сите пунктови на НИКОБ ЛАБ низ целата држава.

Промоцијата почнува од денес и ќе трае 14 дена, а за продолжување на истата ќе зависи од целокупната епидемилошоката состојба во државата.

Остануваме на линијата на интересот на граѓаните и нивните потреби.

ПР текст

Поврзани новости