Леб, бисквити, наполитанки, јогурт, јајца, млеко, тестенини, овошје, зеленчук, сирење, дел од месните производи – вкупно 25 производи од денеска во маркетите треба да се продаваат по цени за околу 10 отсто пониски од оние кои биле на 1 август годинава.
Овие производи треба да бидат означени со ознака „гарантирана цена“.
Вчера министерот за економија Крешник Бектеши рече дека добил уверување дека и други производители и увозници кои не се дел од мерката, самоиницијативно ќе ги намалат цените.
Бектеши очекува дека производителите и трговците ќе бидат координирани, затоа што оној кој нема да ги почитува мерките ќе биде затворен.
Бектеши очекува ваквите мерки до крајот на годинава да влијаат инфлацијата во земјава да падне на проектираните 4 до 5 отсто.