Од денеска влез во Грција со задолжителен негативен тест

by fokus

Во шест часот утрово стапи во сила новата министерска одлука во Грција, според која, за влез во земјата задолжителен е негативен резултат од ПЦР или рапид тест, мерка што важи за сите патници со наполнети пет години, меѓу кои и оние од Северна Македонија, без разлика дали се вакцинирани или не или дали прележале Ковид-19.

Станува збор за привремена и вонредна мерка за празничниот период во пресрет на Божиќ и Нова година, а засега, одлуката е со траење до 10 јануари 2022 година.

Негативен резултат од ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето или рапид 24 часа пред пристигнувањето, заедно со пополнет PLF формулар се задолжителни за влез во Грција.

Дополнително, невакцинираните и оние кои не прележале Ковид-19, а пристигнуваат од  16 конкретни земји, меѓу кои и Северна Македонија, задолжително ќе бидат тестирани по влезот во Грција, нешто што веќе извесен период се применува.

Новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за ограничување на ширењето на Ковид-19“ во петокот беше објавена во Службен весник на Грција.

Поврзани новости