Денес времето во нашата држава ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, најизразен Долж Повардарието.
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 33 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, максималната дневна температура ќе се искачи до околу 29 степени.
Потоа утре, како и за време на викендот времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Температурите на воздухот ќе бележат тенденција на пораст и тоа под влијание на уште потопол воздух од југ.
За време на викендот максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени. Повторно дестабилизација на атмосферата ќе имаме од самиот почеток на следната недела.
Подготви: Славчо Попоски