Од денеска трета доза вакцина во Грција

by fokus

Од денеска е отворена платформата за закажување термин за вакцинација со трета доза за одредени категории граѓани во Грција кои имаат хронични болести, а станува збор за околу 285.000 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопшти генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција, Мариос Темистиклеус, граѓаните кои припаѓаат на конкретната категорија ќе добијат смс порака со потсетување дека ќе треба да закажат термин за третата доза.

Кон крајот на август годинава Комисијата за вакцинација даде зелено светло за трета доза со мРНА вакцина за: лица кои имале трансплантации на срж или матични клетки, лица кои се на листата за трансплантација, лица со бубрежна инсуфициенција подложени на дијализа, пациенти со рак кои примаат хемотерапија, пациенти со автоимуни заболувања и лица со ХИВ.

Поврзани новости