Од денес почува вакцинацијата против сезонцки грип. Обезбедени се 70 илјади бесплатни вакцини, а право да се вакцинира имаат ризичните групи, вклучувајќи повозрасни лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца од шест месеци до пет години, и лица во установи за социјална заштита.
Кампањата за вакцинација има за цел да ги заштити најранливите категории на населението и да спречи ширење на вирусот.
Вакцинацијата ќе се спроведува на 36 локации низ целата земја, а пријавените ќе добијат СМС порака со деталите за местото и времето. До сега, 33.000 граѓани се пријавиле преку интернет-страницата вакцинација.мк. Од Комисијата за заразни болести, потсетуваат дека вакцинацијата е најдобар начин за заштита од тешки форми на грип.
Во Скопје, вакцинацијата ќе се одвива во Центарот за јавно здравје и неколку поликлиники. За граѓаните кои не се дел од ризичните групи, во Центрите за јавно здравје се достапни и комерцијални вакцини.