628
Во Албанија денеска почнува вакцинацијата против корона вирусот, истакна премиерот на оваа соседна држава, Еди Рама.
– Добри вести. Почнува вакцинацијата против Ковид-19, напиша Рама на својот фејсбук-профил.
Деталите за процесот на вакцинација се уште не се познати. Владата во Тирана обезбеди 500.000 дози од вакцината која ја произведоа компаниите Фајзер и БиоНТек.
Рама на 1 јануари, врз основа на планот за вакцинација, изјави дека првите 10.750 дози од вакцината ќе пристигнат во Албанија во третата недела од месецов, а уште 30.250 дози во февруари.
Пред неколку дена тој го посети стадионот „Ер Албанија“ заедно со министерката за здравство Огерта Манастирлиу. Стадионот ќе служи како прв центар за вакцинација.