Од денеска па во следните денови протести пред Владата од 12 до 15 часот

by Fokus

Денеска во 12 часот пред Владата, ќе има протест на компаниите од инстурсијата за организација на настани. Исто така се најавува протестите да бидат секој ден од 12 до 15 часот се до наоѓање на взаемно прифатливо решение.

-Се до постигнување на взаемно прифатливо и одржливо решение, секој ден ќе се случува протест од 12 до 15 часот“, велат од Асоцијација на Ивент Индустрија ИВАП.

За 13 часот е најавена и прес конференција пред Владата.

-Да потсетиме, според официјалната статистика на Централниот регистар, нашиот сектор има пад на промет од 62,103% за 2020 година и тоа е можеби највисокиот пад споредено со другите индустрии. Нашите компании се пред колапс, велат од ИБАП.

 

Поврзани новости