560
Со измените на Уредбите за спроведување на царинскиот закон и за ослободувањето од плаќање на увозни давачки од денеска нема да се плаќа царина за малите пратки во вредност до 90 евра, праг кој досега изнесуваше 45 евра.
Од Министерството за финансии појаснија дека се решија на овој чекор заради зголемувањето на е-трговијата, како и во насока на спроведување на препораките на Европската Комисија.
Според податоците на Државниот завод за статистика, онлајн-купувањето во Северна Македонија во 2019 година е зголемено за 14 проценти во споредба со претходната година.