Денеска ќе се исплаќаат пензиите со висина до 11 илјади денари.

Утре , пензиите од 11 илјади и еден денар до 14 илјади денари.

Во четврток, ќе се исплаќаат пензиите во висина од 14 илјади и еден денар до 18 илјади денари.

И во петок ќе се врши исплата на пензиите над 18 илјади денари, соопштуваат од министерството за труд и социјална политика.

Пензионерите кои користат картичка, средствата од пензијата им се достапни од денеска.