Од денес, Про Кредит Банка овозможува SEPA плаќања – побрзи, посигурни и поевтини трансфери во евра

by irena 10:52
10:52

Про Кредит Банка АД Скопје од денес ќе овозможи брзи, сигурни и поволни евро-трансфери, благодарение на своето приклучување кон SEPA (Single Euro Payments Area – Единствена област за плаќања во евра).

Со приклучувањето на Про Кредит Банка кон SEPA системот, клиентите ќе можат да испраќаат и примаат евра со леснотија низ Европа – исто како дома. Новиот систем овозможува побрзи, посигурни и поевтини трансакции.

Што добивате со SEPA преку Про Кредит Банка:

• Брзи и лесни плаќања и приливи во рамки на еден ден, со повеќе од 40 европски земји членки на SEPA зоната
• Фиксни провизии за меѓународни плаќања од само 10 еур и приливи од само 6 еур, без разлика на износот
• Можност за трансфери директно преку денарска сметка
• Лесен пристап до европскиот пазар – идеално за бизнис и меѓународна соработкa

Со оваа нова услуга, Про Кредит Банка уште еднаш ја потврдува својата стратешка ориентација кон иновации, дигитализација и европска усогласеност, обезбедувајќи повеќе вредност за секој ваш евро-трансфер.

Покрај SEPA поволностите, ПроКредит банка останува најконкурентна на пазарот со своите ProPay меѓународни трансфери во рамките на Про Кредит Групацијата, како најповолни и најбрзи на пазарот, со реализација во истиот ден и фиксна провизија од 2,5 ЕУР за плаќања, додека приливите се без надомест (0 ЕУР).

Слични вести