До крајот на денот времето во државава ќе биде сончево и многу топло со умерена облачност. Локално ќе има и позначителна облачност но врнежи не се очекуваат. Ќе дува умерен, на некои места засилен ветер од југоисточен и од југозападен правец.
Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и многу топло со умерена облачност, повремено ќе има и нешто повеќе облачност но без врнежи. Ќе започне да дува умерен, повремено засилен ветер претежно од југозападен правец, максималната дневна температура се очекува да се искачи до 30 степени.
Потоа и во следните неколку денови ќе се задржи претежно стабилно, суво и многу топло време.
За време на викендот, и тоа особено во недела попладне ќе има услови за ретка појава на краткотраен локален дожд и грмежи. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени, во најтоплите предели од државава истите има услови да се искачат дури и до околу 37 степени.
УВ ИНДЕКСОТ ќе има многу висока до екстремна вредност и ќе изнесува од 8 до 10.
Подготви: Славчо Попоски