Од четврток снег и уште поголем пад на температурите

by Fokus

Имаме многу постудена есен од вообичаено, велат метеолозите, кои предупредуваат дека и во следниот период ќе биде студено, а влажниот бран ќе донесе и снег.

Денеска попладне ќе има престанок на врнежите и повеќе сончеви периоди. Пообилни врнежи од дожд повторно ќе има во четврток, кога поради спуштање на студена воздушна маса, на планините во северозападните делови ќе врне снег. Повремено ќе дува засилен северен ветер.

За во четврток се очекува минимална температура 4°C до 10°C, додека максималната ќе биде до 11°C.

За во петок се очекува минимална температура од 3°C, облачно и студено време со врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Поврзани новости