531
Од Бугарија ќе купуваме поевтина струја за бизнис секторот и индустријата, но уште не е познато по која цена. Ова е одлука на владите на Македонија и на Бугарија кои на денешната средба се договорија Бугарија да ја снабдува Македонија со 200 Mwh струја од октомври до 31 март идната година.
Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Софија се сретна со привремениот претседател на бугарската Влада Галаб Донев. Тој и Донев рекоа дека од среда ќе се формира работна група која за две седмици треба да ја утврди цената, количеството и другите технички аспекти.