458
Од Бугарија доаѓаат закани за ново вето, од заменик министерот за надворешни работи, Костадин Коџобашев. Тој на брифинг со новинарите ја оцени како неприфатлива иницијативата за законски измени за здруженија и фондации.
Според Коџабашев, Македонија започнала уште една кампања против бугарските организации кои ги загрозувале основните права на Бугарите во земјава.
-Крајно неприфатливо е да се користи наратив, вклучително и законодавни иницијативи, со кои непринципиелно се искористуваат теми поврзани со фашизмот, антисемитизмот и тероризмот, со цел да се ограничат основните права и да се влошат добрососедските односи. Категорично ги отфрламе обидите за наметнување селективни, еднострани, историски толкувања, рекол Коџобашев на брифингот.