Од „Беовизија“, на свадба кај синот: Поканив тројца колеги, ми дојдоа двајца!

by fokus

Популарниот српски турбо фолкер Аца Лукас, кој беше еден од учесниците на изборот на песна за Евровизија, каде заврши на 5-то место, по фестивалот замина на свадба кај својот син Лазар.

Свадбената забава на семејството Лукас, која се одржала во ресторан во Белград ги наполни страниците на тамошните медиуми.

Иако се очекуваше да присуствуваат голем број на познати естрадни гости, сепак, како што изјави пејачот, поканил само тројца колеги.

-Од естрадата ги поканив само Саша Матиќ кој дојде со сопругата, Цеца Ражантовиќ, која и покрај малото оправдано доцнење сепак пристигна, и Ацо Пејовиќ, кој оправдано не можеше да дојде. За другите ме боли увото! – кажа во свој стил Лукас.

Видео снимки од забавата веќе се објавија на социјалните мрежи, а колегите кои ги поканил пејачот отпеале по неколку песни во чест на младенците.

Инаку, Лукас не го крие своето разочарување поради тоа што не успеа да победи на ,,Беовизија” и да стане српски претставник на Евровизија 2022.

Освои околу 7.000 гласа од публика, наспроти околу 50.000 гласа од публика за победничката Ана Ѓуриќ, кој исто така освои и 12 поени од жири комисијата.

„Можеби требаше да донесам вангла и да мијам нозе на сцената за да победам“, рече тој, додавајќи дека не му се допаднала победничката песна, бидејќи според него имало многу подобри песни на фестивалот.

Вики Клинчарова

Поврзани новости