Од белиот дворец, симболот на криминалот, ВМРО-ДПМНЕ шири лаги, пензиите растат и ќе продолжат да растат. Од белиот дворец, симболот на криминалот, расипништвото и трошењето на народни пари, шири лаги ВМРО-ДПМНЕ, партијата која што го укина усогласувањето на пензиите на пензионерите, им скрати пари и создаде огромна финансиска дупка во фондот на ПИОМ, велат од СДСМ.
„ВМРО ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува за пензионерите затоа што со своето неодговорно однесување, погрешни криминални политики создаде и остави хаос во целокупниот пензиски систем.
Наспроти криминалните политики на ВМРО ДПМНЕ, владата предводена од СДСМ го стабилизираше пензискиот систем, обезбеди редовна исплата, континуиран раст на пензиите и сигурни пензии во иднина. СДСМ го врати редовно усогласување на пензиите со растот на трошоците за живот и можноста за дополнителен раст на пензиите со растот на БДП над 4 отсто.
Пензиите растат и ќе продолжат да растат.
Статистичките податоци го потврдуваат тоа и целосно ја демантираат лагата на ВМРО-ДПМНЕ. Во 2016 година просечната пензија изнесувала 13.754 денари, во 2017 е 13.954, денари, а во 2018 година 14.421 денари.
Владата предводена од СДСМ со реформите кои ги воведе во пензискиот систем, гради стабилен пензиски систем, пензионерите го добиваат тоа што законски им следува , пензиите растат и понатаму ќе растат“, додаваат од владејачката партија.