Од ,,Бамби” откриваат дали бисквитите ,,Плазма” ќе се вратат на рафтовите: Погледот на уништените погони сите не трогна!

by Fokus

Омилените бисквити на многу генерации, ,,Плазма”, кои ги произведува фабриката ,,Бамби” од Пожаревац, веќе подолг период ги нема на рафтовите во маркетите. Причина е големиот пожар кој на 29-ти јуни годинава целосно ги уништи погоните за производство.

Дали и кога ,,Плазма” ќе се врати во продажба, неколку месеци наназад е актуелно прашање помеѓу граѓаните, а од фабриката се огласија со соопштение во кое појаснуваат дека пожарот им го променил животот, но и долгогодишните планови на вработените.

-Најважно ни беше сите вработени да се безбедни и да нема повредени. Но, самиот поглед на уништените погони остави на сите нас длабока трага.

И покрај пожарот, не ни се угаси љубовта кон она кое го работиме, и една сјајна екипа од 950 луѓе може да направи многу во една тешка криза, со меѓусебна поддршка и љубов кон ,,Бамби”, истакнуваат од компанијата, а на нивната официјална странница објавија и видео од пожарот во кој изгореле над 500 квадрати од погонот за производство на бисквитите.

Од таму додаваат дека поради сите луѓе, излегуваат посилни од се што им се случило, и дека се сигурни како денот кога ќе слават нов почеток, односно кога ,,Плазма” ќе се врати во продажба, е се поблизу.

Вики Клинчарова

Поврзани новости