Популарната фолк пејачка Анета Наковска не крие дека и по седум години ужива во благодетите на бракот со нејзиниот избраник, бизнисменот Спиро Крлевски. Нивни пријатели велат дека тие постојано живеат како да се на меден месец, а љубовта им е посилна со секој нов ден.
-Вербата во вистинска љубов им беше посилна од се, ете ја имаа среќата да се најдат и да живеат во слога. Можеби е и до годините и до зрелоста што тие ја носат, драго ни е за нив двајцата, раскажуваат колеги на Наковска.
Парот изминатата недела имал незаборавно доживување, кога заминале на крстосување со луксузниот брод ,,Harmony of the seas”.
Ги посетиле Карибите и Бахамите, а Анета редовно објавуваше фотографии од екскурзијата.
-Според мене, најубавиот крузер досега, комплетно совршенство во секој поглед. За услугата е малку да кажам десетка – објави Наковска под фотографиите направени на бродот.
Анета со сопругот живее на релација Македонија – Америка. Во лето најчесто се во охридско Велгошти, каде имаат раскошна куќа изградена од камен, со внатрешен базен.
Пејачката се појави на сцената во 2009 година, и беше честа гостинка на многу фестивали. Имаше повеќе турнеји во странство, а кога беше приватниот живот во прашање, често изјавуваше дека верува во вистинска љубов и се надева дека еден ден ќе ја сретне сродната душа.
За љубовта со Крлевски јавноста дозна во 2015 година, кога се објави веста дека се омажила во Лас Вегас за наш иселеник.
Подоцна, во емисијата на Драган Вучиќ таа откри дека со Спиро за прв пат се бакнале во авион, а по девет дена ја запросил.
Не крие дека тој и е голема поддршка во кариерата, па дури беше ангажиран и како режисер и сценарист за нејзини видео записи.
-Сум го чекала вистинскиот партер, мажот покрај кого сакам да остарам – изјави тогаш пејачката.
Вики Клинчарова