842
Грчките медиуми јавуваат за смртта на 16-годишна тинејџерка која била на одмор на Касандра, Халкидики, а која починала од алергиски шок откако консумирала храна во локален ресторан.
Информациите се дека девојката отишла на ручек во ресторан. Пред да нарача, прашала дали храната содржи состојка која и’ е забранета и на која таа е алергична.
Извештаите се дека од ресторанот ѝ кажале дека во јадењето што го нарачала ја нема таа состојка.
Девојката го завршила ручекот, но веднаш потоа доживеала алергиски шок. Брза помош пристигнала за кратко, но немало спас.
Извршена е обдукција, а погребот на девојката ќе биде денеска.