477
Од 30 август ќе почне исплатата на августовските пензии. Исплатата ќе се врши во четири групи до 2 септември.
Владата на денешната седница им препорача на банките преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензиите за пензионерите кои не користат картички, во четири групи почнувајќи од вторник, 30 август.
Пензиите до 11 илјади денари ќе се исплаќаат на 30 август, пензиите до 14 илјади денари на 31 август, пензиите до 18 илјади денари на 1 септември, а исплатата на пензиите над 18 илјади денари ќе се врши на 2 септември.