590
Од 2 до 5 април се затворени 48 угостителски објекти кои ги прекршиле владините мерки, изјави Магдалена Филиповска, претседателка на инспекцискиот совет.
-Во изминатиот период се вршат засилени контроли. Од 2 до 5 април направени се 3.908 инспекциски надзори. Поголемиот дел од угостителските објекти ги почитуваат мерките, но за жал еден дел од угостителски објекти, во руралните средини, продолжуваат да ги кршат владините мерки. Па така, 48 угостителски објекти се затворени, рече Филиповска.
Таа истакна дека се направени и контроли на цените на пренхранбените производи, при што е забележано, во мал број случаи, зголемување на цените на цитрусните овошја.