464
Од 1 октомври, за 1.000 денари ќе поскапи казната на пајак-службата на ЈП „Паркинзи Општина Центар“, информираа од ПОЦ.
„Цените на пајак-службата не се сменети 10 години, а поскапено е горивото, сервисот и деловите за возилата. Исто така, зголемен е и бројот на непрописно паркирани возила низ градот. Наместо 2.500 денари, ако за погрешно паркирање интервенира пајак-службата казната сега ќе биде 3.500 “, велат од ПОЦ.
Нови цени има и за зонските паркиралишта со тоа што е направена промена на зоните. Со тоа, паркирањето во Буњаковец сега се зголемува од 60 на 70 денари за час.