802
Во изминатото деноноќие, регистрирани се 166 оздравени пациенти од ковид 19, а пријавени се 19 починати лица.
Како што информираа од Министерството за здравство, 6 од починатите се од Тетово (54,65,74,74,79 и 84 години), 5 се од Гостивар(66,66,67,69 и 71), 3 се од Куманово (54,78 и 85) и по едно од Скопје (61), Струмица(54), Струга (60), Свети Николе (83) и Валандово (85). Од починатите лица, 18 пациенти се починати во болнички услови, а еден пациент е починат дома.
Досега во земјата се направени вкупно 1.086.075 тестирања на ковид 19, а вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 165.684. Само во изминатите 24 часа, регисрирани се 1.158 нови случаи.