Oд 10-то Македонија падна на 17 место на листата на „Дуинг бизнис“

by Fokus
Македонија бележи пад од седум места на најновата листа на Дуинг бизнис на Светска банка за оваа година. Според најновиот извештај на светските банкари, Македонија е на 17. место, додека минатата година се наоѓавме на местото број 10.
Оваа листа мери неколку критериуми кои говорат за леснотијата на земјата за водење бизнис, како што се отворањето фирма, затворањето, даночната регулатива, брзината на добивање струја, други дозволи, како и пристапот до кредитни средства за компаниите.
Македонија се наоѓа во најдобра позиција од земјите на Балканот. Така, според најновото рангирање, Словенија е 37, Србија 44, Црна Гора 50, Хрватска 51, Романија 55, Бугарија 61 и Грција 79.
На чело на листата одново е Нов Зеланд, а следуваат Сингапур, Хонгконг, Данска, Јужна Кореја, САД, Грузија, Норвешка и Шведска. На дното, пак, остануваат Сомалија, Еритреја, Венецуела, Јемен, Либија и Јужен Судан.

Поврзани новости