Очув тепал едногодишно дете со тупаници по главата и лицето

by fokus

Скопското обвинителство поднесе обвинение против триесет и четиригодишен скопјанец, очув, за малтретирање на едногодишно дете.

Пред точно еден месец неговата вонбрачна партнерка му го оставиле едногодишното дете за да го однесе кај дадилката која претходно ја ангажирала. Очувот додека бил сам дома со детето и додека го превезувал во возило, го малтретирал удирајќи го со тупаници во пределот на главата и лицето, при што му нанел телесни повреди изразени во вид на крвни подливи.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје поднесе и Посебен предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетото лице, проценувајќи дека неговото присуство во текот на кривичната постапка и непреченото водење на постапката не би можеле да се обезбедат со друга мерка.

Поврзани новости