Очув-монструм претепал 7 месечно бебе во Србија

by Fokus

За страшен случај од српскиот град Краљево пишуваат српските медиуми.

Извесен А.К.(20), очувот кој го претепа седуммесечното бебе, само ден пред да биде уапсен, на социјалните мрежи објави слики од бебето на кои и се гледаат модринки на лицето, пишува Курир, кој објави и фотографија од монструмот.

Она што е уште повознемирувачко е однесувањето на мајката која на денот кога беше уапсен нејзиниот партнер и очув на бебето, објави љубовни песни на социјалните мрежи.

Седум дена откако беше откриено дека А.К. го тепал бебето, мајката објавила слики од себе и бебето, а очувот им оставил коментари.

„Го сакаме тато“, напиша таа под еден коментар.

Тој објави и фотографии со бебето.

„Ќерка ми“, напиша тој под една од нив.

Се испостави дека ја претепал додека ја праќал сопругата во продавница. Страшната вистина е откриена откако бебето било примено во болница со страшни повреди: фрактура на надлактицата, клучна коска, хематом на главата, скршеници на ребрата и внатрешно крварење.

Поради тежината на повредите, детето од Краљево е префрлено во Белград, а очувот бил уапсен додека бил на шалтерот во болницата каде дошол да се распраша за состојбата на бебето.

Мајката дури подоцна признала дека нејзиниот партнер го претепал бебето и и ги нанел овие страшни повреди.

 

Поврзани новости