Очевидци денеска ќе сведочат за автобуската несреќа кај Ласкарци

by fokus

Со сослушување на сведоци, денеска во Кривичниот суд ќе продолжи судењето за автобуката кај Ласкарци во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени.

На денешното рочиште треба да биде сослушана уште една повредена патничка, како и други пет сведоци, меѓу кои и очевидци на настанот.

Во случајот се обвинети сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во фирмата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.

Поврзани новости