Очевидец на автобуската несреќа: Со мои раце извадив 4 мртви тела и 2 повредени

by fokus

На социјалната мрежа Твитер, сведок раскажува како со свои раце извадил мртви тела од автобусот кој излета од патот Скопје-Тетово и се преврте, при што загинаа 14 лица, а неколкумина се уште се борат за живот.

„Со мои раце извадив 4 мртви тела и 2 повредени од несреќата кај Карпалак. Во такви моменти не размислуваш дали е Албанец, Македонец, Ром, во такви моменти човек се покажува колку е човек…“, пишува твитерџијата.

Пренесуваме уште неколку негови твитови во врска со несреќата што ја потресе Македонија.

„Добрата вест ако може да се нарече така е што се додека јас бев присутен таму, повреден/а малолетно лице немаше а јас бев таму повеќе од два саати“

„Жал ми е од една страна што не бевте присутни таму па да видите како се ризикува сопствен живот за да се спаси туѓ живот, алал вера за сите млади од Ласкарце прв пат видов ја такви млади луѓе, прв пат видов толку хуманизам и човечност, има добри луѓе сеуште во овој свет.“

„Да не беа селаните од Ласкарце и случајните патници, повеќето луѓе што беа внатре во автобусот можеби ќе ги изгубија животите, бог да ги наградува сите до еден кој со нивните можности им помогна на повредените патници, а институциите уште еднаш покажа дека се за нигде.“

„Дојде мајката на еден од повредените на местото на несреќата, синот и мафта со рака а нозете му се под автобусот а таа си плаче ко мало дете и се тресе, ја гушкав како да беше мајка ми обидувајќи да ја смирам, но во такви моменти човек не може да се смири.“

Поврзани новости