Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во Охрид, го промовираше кандидатот за градоначалник Кирил Пецаков, за што рече дека очекува победа, додека од власта поткуп, притисоци и закани.
„Ние како ВМРО-ДПМНЕ и како граѓани сме обединети дека треба да бидат поразени. Имаме сериозна мобилизација на терен, очекуваме што повеќе луѓе да излезат да гласаат затоа што со останување дома, практично ги одобруваме овие погрешни политики изминативе 52 месеци.Ако очекувате поинакво однесување од Зоран Заев и од неговиот кандидат тука во Охрид освен тоа што го видовме изминатите години тогаш се лажете. Ниту охриѓани, ниту пак јас очекувам поинакво однесување од Заев и Спасовски а тоа е многу пари за поткуп, многу притисоци, многу закани, многу уцени“, рече Мицкоски.