Обвинителката Ивана Трајчева која постапува во предметот со екс генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, е уверена дека има докази со кои ќе ги докаже сите факти наведени во обвинението. Таа денеска рече дека има обемна листа на докази и сведоци.
-Во суштина станува збор за докази од кои ќе се докажат сите факти наведени во диспозитивот на обвинителниот акт, за секоја постапка посебно, како и за хонорарците, а и за кривичното дело перење пари, рече Трајчева.
Обвинителката додаде дека постапувањето во овој случај не е ништо поразлично од начинот на кој работело Обвинителството и во други предмети.
-Постапувањето на Обвинителството во овој предмет по ништо не се разликува од постапувањето по други предмети, а за кои има веќе правосилни судски одлуки, вклучувајќи и такви кои се познати на јавноста како “Рекет” и “27 април“, изјави обвинителката.
Денешното рочиште се одложи поради отсуство на една од обвинетите, а Рашковски порача дека ниту Холивуд не можел да направи вакво сценарио.