5
Сите надлежни служби, вклучително и јавен обвинител од ОЈО Кочани се на терен откако ноќеска во кочанската дискотека Пулс изби пожар.
„Бројот на жртви и повредени се утврдува. Се преземаат дејства и се врши увид. Јавниот обвинител на Република Северна Македонија и основните обвинители на ОЈО Скопје и ОЈО ГОКК се на пат кон Кочани. На кочанското обвинителство ќе му бидат ставени на располагање сите капацитети на обвинителствата за итно постапување,“ велат од ОЈО.